(Видео) ДЗС: Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува


Screenshot-2025-08-12-185955.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира Дирекцијата за заштита и спасување.


Од таму велат дека една линија на пожарот која се протегала исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Од ДЗ напоменуваат дека борбата со огнот на моменти е ризична поради што се уште не може да се воспостави контрола над овој шумски пожар кој се одвива на екстремно тежок терен.

Во врска со останатите пожари, ДЗ информира дека пожарот над с. Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на с. Радуша се уште е активен и се движи кон општина Јегуновце.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK