(Видео) ДУИ пред Уставен: „Ќе останеме тука до среда за кога е закажана седницата за Законот за јазиците“

dui-ustaven-sud.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Активисти на ДУИ се собраа пред Уставниот суд и, како што најави партискиот функционер, Арбер Адеми, ќе останат таму до среда, 11 декември, кога треба да се одржи седницата за Законот за употреба на јазиците.


Иницијативата ја нарекоа „Стража на јазикот“, најавувајќи деноноќно присуство пред судот.

„На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост. Укинувањето на законот значи уривање на еден од кучните столбови на овој договор“, рече Адеми, повторувајќи го партискиот став дека ова не е иницијатива на една политичка партија.

Адеми ги повика и другите заедници да им се приклучат.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денес на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека во среда нема ништо да се случи, а тоа го знаат и ДУИ, како и дека не треба мешање во работите на судот.

Според Мицкоски, ова го прави изолирана група поранешни високи владини функционери од ДУИ за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал што набргу ќе почне да се обелоденува.

Премиерот рече дека целта на ДУИ е да предизвика етнички поделби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK