(Видео) Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката


SDSM-Skopje-Kaja-2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје – Каја Шукова, заедно со Маја Мојсова Мијовска – кандидатка за градоначалничка на Карпош и Оливера Ливриниќ од општинската организација Бутел оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје.


Во изјава за медиумите Шукова го честиташе големиот празник Илинден на сите граѓани и на жителите на Скопје и повика на заедништво за градење нова иднина, за Скопје и Македонија да се движат напред.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK