(Видео) Царина заплени тутун ризичен за здравјето на граѓаните

Видео-Царина-заплени-тутун-ризичен-за-здравјето-на-граѓаните.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Царинската управа запленети 235,5 килограми режан тутун за којшто е избегнато плаќање акциза во износ од над половина милион денари и е ризичен за здравјето на граѓаните.



Заплената е во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, Единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, спроведена во текот на вчерашниот ден на пазарите во Скопје и Тетово.

Во акцијата e запленет и пиротехнички материјал, односно 2.000 парчиња петарди и 27 кутии огномет.

Акциите се дел од заедничките активности на институциите коишто се спроведуваат со цел спречување пуштање на стока во промет за која не се платени акцизни давачки, како и пуштање во промет на забранета стока која е ризична по здравјето на граѓаните.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа до надлежните институции ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK