После само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека се она што говореше во опозиција биле празни флоскули, гола критика и желба по секоја цена да се оцрни тогашната власт. Ниту бил непотребен, ниту бил криминален проект, проектот за изградба на 110 километри автопати, дел од нив и по најтешките планински предели е проект кој се реализира во соработка со нашиот стратешки партнер САД, истакна Благој Бочварски, пратеник на СДСМ.
Како политичка партија и тогаш и денес, додава тој тврдиме дека новиот модел на градење е побрз, поефикасен и побргу ги дава резултатите на терен.
„Додека владата на СДСМ ги поставуваше темелите на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ неосновано напаѓаше, критикуваше, обвинуваше, блокираше закони во Собранието се со цел да го забави инфраструктурниот раст на државата.
Денеска конечно ја разбраа суштината на она кое со месеци го говориме, брзата изградба на европските коридори е возможна само доколку се работи според модифициран фидик, во фазна градба, со силен изведувач кој на паралелно ќе проектира и ќе гради.
Само како илустрација, ако овој проект го започневме по традиционалната метода во 2023 година, реалните градежни работи на терен немаше да се случат пред 2026 година.
За разлика од стариот модел, со новиот модел на фазно проектирањр и градење овој проект е започнат во прв квартал 2023, а кон крај на 2023 веќе имаше активности на терен.
Овој проект и понатаму ќе биде мотор на економијата, преку него ќе се темели и растот на економијата, вклучување на 90 % домашни изведувачи и добавувачи, ангажирање на домашни работници и инженери и секако партнерска работа на домашната оператива со една од насилните светски компании од која можеме да научиме многу како градежен сектор“, оценува тој.
Истакнамдека во 2023 година како држава ја потпишавме спогодбата со ЕУ за вклучување и на Коридорот 8 на мапата на главни европски коридори. Со тоа, според него, Македонија како мала централно поставена држава на Балканот е земја во која се вкрстуваат 2 европски коридори, и тоа е наша огромна предност. Таа предност ние не смееме да ја пропуштиме.
„Затоа денес и во идните години, нашиот врвен интерес треба да биде завршување со изградбата на автопатските, железничките и енергетските коридори.
СДСМ како одговорна политичка партија и кога ја предводи владата, но и кога е во опозиција силно ќе ја поддржува изградбата на стратешките проекти од национално значење, зошто само така ќе ја развиеме економијата преку зголемување на економската активност, ќе ги развиеме планските региони, ќе го развиеме туризмот, ќе ги намалиме сообраќајните незгоди и ќе ги намалиме гужвите и метежот по патиштата“, подвлече Бочварски.