(Видео) Ангелов: Рекордни 54 пожари во земјава, жителите кои живеат во напуштени села да ги напуштат своите домови ако забележат големи пламени јазици

angelov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Рекордни 54 пожари има во земјава, а 19 пожари ќе горат и ноќва, изјави вечерва директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој дополни дека ризичен е и атарот во кумановско, како и селото Негрево и Пехчево.

И во кратовско и неготинско пламените јазици навлегуваат во одредени села.

Голем пожар има и на територија на Македонски Брод.

Ангелов ги повика сите жители кои живеат во напуштени села да ги напуштат своите домови, ако забележат дека големи пламени јазици ги голтаат нивните атари.

За жал и утре ќе биде ризичен ден поради најавата за високи температури и ветровитото време, дополни Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK