(Видео) Ангелов: Пожар во скопски Расадник, се шири на сите страни

4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, „во близина на Расадник.



„Во овој момент беснее вистински шумски пожар, буквално во Расадникот. Горат ореови дрвја, грмушки и трева. Пожарот има зафатено голема површина, се шири во сите насоки. Во моментов има една екипа од скопските пожарникари, а пристигнуваат уште неколку. Верувам дека околните објекти ќе бидат заштитени бидејки насекаде околу овој расадник постојат различни објекти, од едната страна има бензинска пумпа, од другата се зградите во Општина Кисела Вода. На 100 метра е булеварот. Проблемот е што пожарот се шири истовремено на сите страни“, посочи директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ангелов порача граѓаните да останат спокојни бидејќи верува дека скопските пожарникари набргу ќе го стават под целосна контрола и ќе го исгаснат.

Според него, невообичаена е појавата да има шумски пожар во градот Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK