Венко Филипче: за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата

WhatsApp-Image-2024-06-20-at-09.35.08_7f4aed14.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Венко Филипче, кандидатот за претседател на СДСМ, вчера се сретна со членовите во Ѓорче Петров и Карпош каде ја презентираше програмата и разговараше со членовите за тоа какви промени се потребни во партијата за да се врати на победничките патеки.


Филипче во своето обраќање се осврна на начинот на кој планира да ја води партијата доколку биде избран за претседател и кои ќе бидат барањата од неговите идни соработници и функционери на СДСМ.

„Јас планирам да водам со пример и ќе очекувам и барам сите функционери да го следат тој пример и начин на однос со луѓето и пристап во политиката. Јас сум отворен за сите, секогаш достапен и така планирам да работат сите во партијата. Луѓето коишто во партиската структура ќе ги бирам според тоа колку се вредни, професионални, работливи, колку имаат образ и колку се другари. Ова ќе бидат критериумите затоа што сметам дека функционирањето на партијата треба да се професионализира“ – истакна Филипче.

На прашање кои ќе бидат неговите најблиски соработници, тој рече дека е доследен на ветувањето да не најавува однапред членови на идното раководство, бидејќи на тој начин да се формираат групи за поддршка што според него не би било фер спрема другите кандидати. Но за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата и презентација на тимот во општинските организации за да собере мислења од членовите со цел да се изберат луѓето со најголема поддршка и кредибилитет.

„Јас не сум разговарал со никого затоа што тимот сметам дека претседателот треба да го прави изборот на раководство по неговиот избор. Но, да знаете дека мојот предлог тим ќе биде презентиран пред сите општински. Ќе сакам да слушнам сугестии и дебата за тоа кој ќе го води СДСМ и ако проценам дека одредени луѓе не се соодветно прифатени ќе изберам други. Мојата цел е пред се да имаме луѓе на позиции кои ќе ја вратат довербата кај членовите на партијата бидејќи нашето ткиво моментално е загрозено“ – рече Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK