Велковски во градинка во Дреново: Буквално секое дете од Кавадарци ќе биде згрижено

elkovski-vo-Drenovo-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес направи увид во градинката во кавадаречко Дреново која е заеднички проект на Општина Кавадарци и Министерството за труд и социјала.

„Имаме можност да видиме дека навистина Општина Кавадарци заедно со Министерството за труд и социјална политика прави еден проект кој буквално значи дека секое детенце тука во Општина Кавадарци, може, и ќе биде згрижено од страна на детската заштита. Ова е една одлична порака која ја праќаме како Општина Кавадарци и како Министерство, дека буквално секое детенце ќе има можност и простор да биде згрижено и да биде дел од детската заштита. Овој објект е адаптиран од страна на Општина Кавадарци, а опремата е финансирана од страна на Министерството за труд и социјална политика“, рече техничкиот министер за труд Велковски.

Најави дека ваквите проекти, кои имаат особено значење за населените места каде што има реална потреба од градинки, а ги нема,  Министерството и во иднина ќе ги поддржува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK