Во година кога се одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ организира патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери.
Изложбата која ќе патува низ пет македонски града, свечено ќе биде отворена денеска во 19 часот во галеријата на МАНУ, а свеченото затворање ќе биде на 23 октомври во Битола, на Денот на македонската револуционерна борба.
На изложбата ќе бидат изложени фотографии од приватни колекции на Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски на македонските револуционерни икони Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев, Димо Хаџи Димов, Христо Чернопеев и други значајни ликови, изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни, Првата светска војна, како и меѓувоениот период.
Обраќање на изложбата ќе имаат Академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Никола Жежов и м – р Мими Ѓоргоска Илиевска.