Васев за лековите на реверс: Па не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови за пациенти кои веќе биле на терапија

Васев-за-лековите-на-реверс-Па-не-сме-земале-столици.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не смееле да дозволат да се прекине терапијата на пациенти кои веќе почнале да ја примаат.


„Прво апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија која почнале да ја земаат пациентите. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас, ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите кои веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив, и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира. И второ јас сум се обезбедил со писмо што ќе ви го доставам дека ако тие фирми изгубат на тендерот ќе биде донација тој лек. Тоа писмо ќе го доставам кај вашата претседателка“, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите за залихите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.

Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Стручен колегиум, тој рече дека на Онкологија не се одржал 10 години.

Васев имаше објаснување и за обвинувањата дека лично тој со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Укажа дека раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.

„Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не прејдеме количини кои ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.

Денес прва прашање му постави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи. Откога му прочита дел од наодите на Државниот завод за ревизија кои укажуваат на лошото работење на клиниката и сомнежот дека немале сите болни еднаков пристап до лекување, му постави само едно прашање – кој му дал согласност или насока за да направи таков хаос на Клиниката за Онкологија.

„Никогаш не ми била намерата да креирам хаос. Функцијата ја прифатив од министерот за здравство Таравари, после долго убедување. Искрено се мислев дали да ја прифатам, но како најстар доктор на Институтот чувствував малку и одговорност, мислејќи дека ќе ја подобрам здравствената заштита на нашите пациенти. 35 години работам со онколошки пациенти, ниеден човек од моја врата не сум вратил. Го читавме извештајот, за жал го добивме откога не сум на функција. Не можевме да одговориме, веројатно сум имал право, не сум знаел за тоа. Сигурно ќе се обидев да одговорам на сите наводи“, рече Васев.

Неговиот став, и покрај наодите на Државниот завод за ревизија е дека ниту еден пациент не бил оставен без терпија.

Однапред се известени и прашани

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK