Ванковска од Тетово: Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан

1712560082_vankovska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на партијата Левица, ја продолжи својата изборна кампања во Тетово, каде што огромен број на граѓани беа присутни да ги слушнат нејзините пораки.


Професорката Ванковска од Тетово порача: „Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние имаме визија за поинаква Македонија и тоа не е бајка ниту утопија! Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан!”

На митингот освен Билјана Ванковска, беа присутни и претседателот на партијата Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ6, Игор Димески.

Претседателот Апасиев во своето обраќање пред тетовчани порача дека е „време да се стави крај на ДУИЗАЦИЈАТА и АЛБАНИЗАЦИЈАТА на Македонија за која најмногу се виновни македонските политички елити кои измеќаруваат на УЧК“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK