Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

planina-sneg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово најстудено било во Берово каде биле измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и Струмица, -2 во Лазарополе, Виница и Тетово, -1 во Крива Паланка, 0 во Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, 1 во Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор и Дебар, 2 во Охрид и Велес.


Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 47 сантиметри на Попова Шапка, 38 во Маврови Анови, 20 во Крушево, 13 во Битола, 5 во Тетово, 2 во Берово, 1 во Штип.

Времето денеска

Променливо облачно со сончеви периоди претежно во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот делумно ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени, а во котлините со магла дневната температура ќе достигне само неколку степени над нулата.

Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која попладне делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK