Утрово најниската температура е измерена на Попова Шапка од -10 степени, -4 степени се измерени во Крушево, -3 во Тетово, Маврови Анови, -2 во Охрид, Претор, -1 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Дебар, 0 во Виница, Берово, 1 степен во Демир Капија, Струмица, Куманово, 2 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 степени во Велес и Кавадарци, и 5 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 07 часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка, 27 на Маврови Анови, 5 сантиметри во Крушево.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе биде пониска. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка. Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.