Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, најавува УХМР


dozddepositphotos_309912094_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.


Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота (06.06) и во понеделник (08.06) повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK