Утре облачно време со повремени врнежи од дожд, температура до 16 степени


dozd-detedepositphotos_379204630_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.


Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во сабота ќе се задржи променливо облачно време. Претежно во источните делови ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h). Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK