Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата „Brave Partner – 23“

Усвоена-информацијата-на-МО-за-престој-на-странски-вооружени-сили.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner – 23“ и донесе ваква Одлука.



Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата „Brave Partner – 23“, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа.

На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на Армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната гео-стратешка позиција на Република Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK