Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на дејствијата од одредби на Статутот на Општина Кисела

USTAVEN SUD
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд денеска изрече времена мерка со која се запираат дејствијата што произлегуваат од три одредби на Статутот на Општина Кисела Вода и од автентично толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко планска документација од страна на Општина Кисела Вода, донесена на седницата на 26 април 2022 година, како и решението.

Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска на прес-конференција посочи дека  Судот изразил сомнеж дека Општината излегува од своите надлежности со тоа што прави автентично толкување на своите акти, а тоа е надлежност на Собранието.


-Исто така и таму има донесено времена мерка запирање на активностите кои се произлезени од тоа автентично толкување и на статутот, информираше Беловска.

Претходно на на седницата на Уставниот суд беше посочено дека и други општини имаат статути врз основа на коишто тие сами си прават автентични толкувања наместо тоа да го прави Собранието. Можно е Уставниот суд да ги разгледува и статутите на другите општини.

Портпаролката Беловска кажа дека и оваа иницијатива, како и онаа за упатството за матична евиденција која беше на денешната седница, е спроведено по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

До Уставниот суд имаше поднесено иницијатива во однос на автентичното толкување на општи акти од страна на Општина Кисела Вода, а Уставниот суд ги прошири сомнежите за неуставност и затоа поведе постапка за три одредби од статутот на општината врз основа на кои се носат тие автентични толуквања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK