Уставен суд: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна пензија

kacarska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Функцијата уставен судија не престанува по основ на остварување старосна пензија, стои во соопштението од Уставниот суд.


-Во врска со информациите доставени до Собранието дека судијката на Уставниот суд Добрила Кацарска исполнила услови за старосна пензија во јуни 2022 година, Уставниот суд на работен состанок одржан денеска со единствена точка на дневен ред, едногласно го донесе следниот заклучок – согласно членот 51 од Уставот, секој е должен да го почитува Уставот и законите. Членот 109 изменет со амандманот 15, јасно и прецизно ја уредува постапката и надлежните органи за предлагање и избор на судиите на Уставниот суд“, стои во напишаното.

Се поајснува дека согласно членот 111 од Уставот, јасно се определени условите за престанок на функцијата на уставен судија и оттука станува јасно дека единствен надлежен орган да одлучува за престанок на судија на Уставен суд е самиот Уставен суд.

-Секое преземање на било какво дејствие од било кој државен орган, надвор од уставно предвидените одредби во членот 111, претставува грубо кршење на Уставот и упад во независноста и самостојноста на Уставниот суд. Судот потенцира дека во 60-годишното постоење, не постои случај да престане функцијата на уставен судија по основ на остварување на старосна пензија, нагласуваат од Уставниот суд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK