Здружението на граѓани Куќа на среќата, во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира за прв пат во Македонија хуманитарна инклузивна штафетна трка- ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА!
Целта на трката е низ дружење, смеа, трчање и игра да се испрати порака дека ЗАЕДНО можеме побрзо кон инклузивност, разбирање, прифаќање и сакање на лицата со попреченост и истата ќе се оддржи на 20.05.2023 година на Школка во Градскиот парк од 10:00 – 14:00 часот.
Сите тимови кои ќе учестуваат во трката трчаат штафетно, мора да бидат инклузивни и составени од 6 лица (2 лица типични, 2 лица атипични (видлива, невидлива попреченост) и 2 лица асистенти кои ќе трчаат заедно со атипичните лица).
Пријавените кои нема да можат да ја обезбедат потребната бројка на учесници 6 лица, односно да создадат инклузивен тим кој ќе ги вклучува сите лица ќе бидат вклучени во тим од пријавените од страна на организаторот.
Рокот за пријавување за учество во трката е најдоцна до 15ти мај и се прави преку веб страната на www.smartrace.club каде што поопширно се објаснети условите за пријавување.
За лицата со попреченост (видлива, невидлива) учеството е бесплатно.
Повеќе детали за настанот: