Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција

otpad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и спакувани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните два месеци и ископани и спакувани се 231 тон на HCH отпад, од кој околу 80 тони, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција.

-Како подготвителна активност, Министерството за животна средина и просторно планирање на 9 јуни 2023 година донесе Решение за одобрување на планот за ремедијација за Лот 3 кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата Polyeco, по што истата од 12 јуни 2023 година продолжи со работа, информираа од МЖСПП.


Според Министерството, во претходниот период, како резултат на активностите поврзани со чистење на првите два лота од малата (делта) HCH депонија во ОХИС, се извезени и уништени 957 тони на HCH отпад и 127 тони на земја контаминирана со HCH.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK