Унгарија ќе ни испрати три противпожарни возила и воздухоплови како помош против шумските пожари

5-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ќе ни испрати три противпожарни возила, објави тој на социјалната мрежа Фејсбук.



„Со летните топлотни бранови жал ни е што слушаме за огромни шумски пожари во нашето пошироко соседство. За жал нашите пријатели сега се соочуваат со екстремни предизвици предизвикани од такви пожари. Како пријатели мораме да им помогнеме“, објави Сијарто.

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски потврди дека наскоро ќе пристигне помош од Унгарија за Македонија.

„Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е од големо значење. Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии“, соопшти Муцунски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK