Во 10:30 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, информираат од АМСМ.
Денеска ќе се изведува и минирање за потребите за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и затоа е предвиден времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница- мостна река Блидеш во период од 12:00-16:00 часот. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинскиот превој Стража и во Крушево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.