Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање.
О УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.