Тројца кичевчани побарале лекарска помош кога вдишиле чад од запалената депонија

pozari-mkd3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лекарска помош побарале три лица од Кичево кои вдишиле чад од пожарот на депонијата во близина на „Комуналец“.


Нивната здравствена состојба се влошила, објави МВР во дневниот билтем.

Станува збор за лица од 26 до 37 годишна возраст кои, според информациите од полицијата, вчера по вдишувањето на чадот се упатиле кон приватна здравствена установа во градот.

МВР презема мерки за расчистување на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK