Трипуновски: Склучени 967 договори со површина од 2.700 ха

Трипуновски-15.08.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 ха.


Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари.

По овие повици склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2700 ха.

Во текот на денешниот ден овие 967 договори кои што се случија на ниво на Македонија се веќе поделени по подрачните единици. Најголем број на договори има во подрачната единица Свети Николе, Прилеп, Куманово, а во останатите подрачни единици има помал број на договори.

„Со овој процес кој што го заокружуваме сега, даваме силен фокус и силен приоритет да земјоделското земјиште биде ставено во функција на земјоделците. Знаеме дека во минатото имаше селективност во распределбата, но тоа ќе биде веќе минато. Ние како одговорно министерство, како влада ќе работиме затоа што земјоделците се наш приоритет“, истакна Трипуновски.

Во почетокот на месец септември од страна на министерството ќе бидат распишани јавни повици за преостанатото слободно државно земјоделско земјиште се со цел да се распредели и да се стави во функција за земјоделско производство.

„Жалам што во минатото имало одредени злоупотреби кои што ние како Министерство ги констатиравме во изминатиот период. Меѓутоа нашата интенција е сето земјоделско земјиште да заврши кај вистинските земјоделци и да истото се стави во функција, да биде во процес на обработка односно на производство“, појасни министерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK