Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку објава на „Фејсбук“ даде мислење за денешниот протест на вработените од сите подружници на ЈП Македонски Шуми.
Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.
Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова, како што додава, е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.
Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! – изјави Трипуновски.