Трендафилов: Платите во јавниот сектор наредните четири години ќе растат по 15 отсто годишно, Владата да предвиди пари, изморени сме од изговори

slobodan-trendafilov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата Влада ќе ја има поддршката од синдикатите само доколку престанат да вработуваат партиски кади и да ја зголемуваат јавната администрација, ако ги зајакнат капацитетите и ако престанат да ги злоупотребуваат вработените во јавниот сектор. Во спротивно, претседателот на ССМ Слободан трендафилов вели дека се подготвени на штрајкови. Тој денес ја следи во првата јавна дискусија „Сите заедно за професионална и јавна администрација“.


„Дојдовме денеска да слушнеме дека ќе ги зголемуваат платите бидејќи без плата нема ни работа во конкретниот случај во државата. Очекуваме тоа што ќе го кажат и министрите дека ќе значи усогласување на платите од месец септември оваа година како и дополнителното зголемување на платите наредната година кое ќе се случи согласно општиот колективен договор за јавен сектор. Платите во јавниот сектор наредните четири години ќе растат по 15 % годишно и новата влада треба да предвиди пари во буџетот, да немаат изговори. Ние работниците се изморени да слушаме изговори од нивна страна“, рече претседателот на ССМ Трендаилов пред почетокот на дискусијата.

Тој очекува од учесниците во дискусијата она што ќе го кажат да значи токму зајакнување на капацитетите, престанување на злоупотребувањето на вработените во јавниот сектор, департизација на јавниот сектор, да не вработуваат партиски кадри во наредниот период со кои ја зголемуваат јавната администрација, како во изминатиот период.

„Ние ќе бидеме подготвени во овој процес. Нашата поддршка ќе ја имаат само доколку ги направат овие работи, во спротивно, ние, синдикатите, сме подготвени и на други непопуларни чекори“, рече Трендафилов.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочовска откако го подготви ребалансот на буџетот, со одлука на Влада ги задолжи сите институции при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година и утврдените максимални износи на расходи на среден рок.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK