Тренчевска: Заедно со UNFPA ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија

Тренчевска-Заедно-со-UNFPA-ги-таргетираме-предизвиците-со-кои-се.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Флоренс Бауер, Регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. На средбата се разговараше за соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права.



Како што известува МТСП, особен фокус бил ставен на денешната регионална Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права.

Бауер и Тренчевска разговараа и за важноста на Стратегијата за демографски политики и Акцискиот план кој моментално е во подготовка и треба да придонесе во унапредување на прашањето за миграции и стареењето на населението како предизвик со кој се соочува државата, но и целиот регион воопшто.

На средбата се разговараше и за анти-родовите движења кои се активни во нашата држава, нивното загрозување на човековите права и наоѓањето на заедничко решение за справување со предизвикот пред кој е исправена државата. Присутните истакнаа дека напредокот кој го постигна Република Северна Македонија изминатиот период во обезбедување на човековите права и еднаквост, не смее да сопре и дека токму ваквата партнерска поддршка е клучна за тоа, се додава во соопштението на МТСП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK