Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, го осуди обидот за атентат на Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.
„Само мало движење го спаси Трамп да не биде погоден во глава. Овој обид за атентат во САД само потврдува дека и најразвиените служби и системи за безбедност не можат да спречат некој поединец/лудак да се обиде да направи атентат со тешки последици и рефлексии во САД, но и пошироко во светот“, вели Трајанов.
Тој очекува да следи широка и ефикасна истрага, но и предупредување до сите држави, дека заштитата од атентати е најсложена и најкомплексна безбедносна и политичка компонента.