Тошковски: За случајот со нападот врз полицаец известен е јавен обвинител

Тошковски-За-случајот-со-нападот-врз-полицаец-известен-е-јавен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го осуди инцидентот во кој синоќа во угостителски објект беше нападнат полициски службеник при извршување на своите работни активности, од страна на припадник на обезбедувањето на Мицкоски.


„Во однос на инцидентот кој се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој се инволвирани полициски службеници, сакам да ја известам јавноста дека најостро осудувам секаков вид на насилство, а особено кога истото е сторено од страна на вработени во министерството за внатрешни работи“, напиша на Фејсбук, техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Додава дека за настанот веднаш бил известен надлежен јавен обвинител кој дал насоки по кои во моментов се постапува, а од страна на надлежните служби во министерството побарал да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, сè со цел во најбрз можен рок да се расчисти овој случај, а за исходот од преземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ објави дека обезбедувачот ќе биде отстранет од работното место поради настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK