Тошковски: Веќе за пасош не се чека со јамболии и јоргани, ама обрасците ќе се потрошат до средината на мај

Тошковски-За-случајот-со-нападот-врз-полицаец-известен-е-јавен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обрасци за новите патни исправи има за до средината на мај, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања.


Тој објасни дека месечно се изработуваат од 75.000 до 80.000 пасоши што е многу повеќе од претходниот месец.

„Најдоцна до средината на мај, ќе се исцрпат обрасците што ги имаме. Целта е во насока да обезбедиме дополнителна количина, да продолжи континуитет, да не ги заклучуваме машините, и да не се повтори состојбата што ја начекав кога стапив на функцијата пред месец дена. Потоа, ќе пристигне поголема пратка на обрасци во месец јуни“, рече Тошковски.

Министерот додаде дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред.

„Веќе не е хаотично, со јамболии и со јоргани луѓето да чекаат пред полициските пулктови туку си одат со закажани термини. Зголемени се бројките на фотографирани“.

Тој очекува веќе во март да бидат фотографирани над 100.000 граѓани, но вели дека е факт оти генералниот проблем нема целосно да се реши во следниот период бидејќи заклучно со 12 февруари требало да бидат обновени преку 2 милиони 150.000 лични документи со старото име, но таа цел е неостварлива.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK