Тошковски: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајна незгода

Видео-Тошковски-Решението-е-едно-и-многу-лесно-61-пратеник.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека во иднина нема да има недопирливи без оглед на политичката или социјалната позадина и најави бескомпримисна борба против криминалот.


Осврнувајќи се на состојбата во македонските затвори за која неодамна директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов објасни дека затвореници влегуваат и излегуваат кога сакаат и дека седум години не е направена контрола, Тошковски рече дека таквата состојба мора да биде разгледана и процесуирана.

„Македонската јавност знае дека затвореници наводно додека биле во затвор биле дел од одредени кривично правни настани надвор од затворот и тоа ќе мора да биде соодветно процесуирано. Ова што се случува во затворите е срам за Македонија, факт е дека она што беше констатирано во текот на минатите денови е така како што е, и верувајте ми дека соодветно и навремено ќе реагираме за да го расветлиме и овој кривично правен настан.

Ова не е управна постапка. Не може затвореник што наводно е во затвор да предизвика сообраќајна незгода или да учествува во друга кражба. Тоа е недозволиво. МВР е должно да ги истражи сите овие постапки. Во делот на откривање на криминал од ваков размер, апсолутно дека имаме надлежности и ќе постапиме“, нагласи Тошковски.

Окoлу обвинувањата од страна на СДСМ, Тошковски рече дека одредени политички партии се обидуваат да го заштитат криминалот и корупцијата што се вршени во минатото, особено од страна на одредени политички фигури.

„МВР во иднина, нема да брка вештерки како досега, тука ќе биде насочено, врз основа на конкретни докази, особено за дејствија коишто се на штета на буџетот на државата и на штета на македонските граѓани. Секој еден којшто се огрешил да одговара пред органите на прогонот“, нагласи Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK