Тошковски од Смилево: Ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, но сакаме и почит и достоинство

toshkovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го честита Илинден од од историското Смилево кое е срцето на македонската револуционерна борба.


„Токму овде, пред 121 година, нашите храбри предци го донесоа пламенот на слободата и ја запалија искрата на Илинденското востание. Тие покажаа дека мал, но горд народ, може да се спротивстави на тиранската власт и да се бори за својата слобода и независност. Македонскиот народ е народ со голема историја, но и со голема иднина“, рече Тошковски.

Додаде дека ние сме народ кој сака да биде пријател со сите, но истовремено, сакаме и заслужуваме почит и достоинство.

„Нека е вечна мајка Македонија! Честит празник!“, рече министерот Тошковски, притоа додавајќи дека дојде време да ја подигнеме нашата глава, да го покажеме нашиот дух и да ја продолжиме нашата борба за подобра и посветла иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK