„ВМРО-ДПМНЕ во паника денес објавува дека од вкупно пет убиства и три обиди за убиства, Панче Тошковски за само шест месеци решил еден обид за убиство. Ова е катастрофален учинок кој ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во водење на МВР како инститиција. Бидејќи се обидуваат да ја лажат јавноста, еве ги вистинските податоци за нивната работа и во минатата и во оваа влада, споредбено со работата на МВР под раководство на СДСМ“, велат од СДСМ.
„Од 2006 до 2015 под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, имало 331 убиство од кои дури 38 останале нерасчистени, додека од 2017 до 2024 само 128 убиства од кои само 13 нерасчистени.
Три пати повеќе убиства има во време на ВМРО-ДПМНЕ со двојно помала ефикасност во истрагите. Затоа, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за див запад, тоа може да го каже само за своето владеење и никако поинаку. За шест месеци веќе имаме пет нерасчистени убиства и очигледно е дека се враќаме назад кон времето кога убиствата беа секојдневие а нивното расчистување не постоеше“, соопшти СДСМ.