Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан


toskovski-forum.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес се одржува на 26 и 27 август во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери.


Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека миграцијата останува едно од клучните прашања на современото време, при што Западен Балкан истовремено претставува транзитен регион и значаен партнер во колективниот европски одговор на миграциските и безбедносните предизвици.

„Притисоците од нерегуларните миграциски текови, експлоатацијата на ранливите категории од страна на криминалните мрежи и оптоварувањето на институциите не се предизвици ограничени на една граница, една земја или еден регион. Тие се европски и глобални. Ако навистина сакаме да изградиме заеднички европски простор на безбедност и доверба, мора да ги надминеме декларациите и да преминеме кон конкретни механизми за соработка“, потенцираше Тошковски.

Осврнувајќи се на значењето на Берлинскиот процес, министерот нагласи дека тој не претставува кратенка до членството во Европската Унија, туку кредибилен пат преку кој земјите од Западен Балкан ја демонстрираат својата подготвеност, одговорност и усогласеност со европските стандарди. Ефикасната соработка во областа на миграцијата и граничната безбедност, како што посочи, носи конкретни придобивки и за регионот и за земјите членки на ЕУ.

„Европската безбедност не завршува на надворешните граници на Европската Унија. Таа се гради преку стабилни и безбедни партнери, преку заеднички политики и преку способноста на сите нас да придонесуваме кон справувањето со предизвиците што ја засегаат Европа како целина. Берлинскиот процес не е само подготовка на Западен Балкан за Европа – туку платформа за самата Европа да стане побезбедна и поотпорна“, истакна Тошковски.

Министерот изрази задоволство што Македонија е домаќин на Форумот и упати благодарност до Владата на Обединетото Кралство и Мисијата на ИОМ за поддршката во организацијата и за посветеноста на евроинтегративниот процес на регионот.

Тошковски на крајот порача дека Форумот треба да биде искористен не само за размена на искуства, туку и за утврдување заеднички приоритети и продлабочување на соработката, со визија за Европа во која Западен Балкан е активен и одговорен дел од нејзината безбедност, стабилност и иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.