Тошковски контра Џафери: Несреиозно е тврдењето дека граѓаните за 50 дена можат да извадат документи за гласање

talat-toshkovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ја нарече несериозна изјавата на премиерот Талат Џафери дека граѓаните можат за 50 дена да извадат документи за да гласаат на претстојните избори.



Тошковски објасни дека неопходнa e законска измена за граѓаните да можат со патните исправи со старото уставно име да го остварат правото на глас.

„Изјавата е несериозна. Немаме педесет дена. На 18 март се затвора избирачки список, ако дотогаш не стапи измената на законско решение, на граѓаните ќе им биде прекршено второ човеково право. Првото е слободата на движење, второ ќе биде правото на глас, Тоа е се 100.000 граѓани“, рече Тошковски.

Тој ги повика премиерот и другите политички фактори, особено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да најдат заеднички јазик и да ја поддржат иницијативата во делот на усвојување соодветни законски измени.

Техничкиот премиер Талат Џафери вчера ги повика граѓаните што немаат документи со новото име на државата да поднесат барања за да ги извадат во следните 50 дена до изборите. Што ќе се случува доколку и по истекот на овие 50 дена има граѓани што немаат документи, техничкиот премиер рече дека е тема за размислување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK