Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и дигитални услуги, гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато

2-5-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.


Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма.

Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни.

„Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани“, потенцираше Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK