Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и личните карти

toskovski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните кои сè уште користат лични документи со старото уставно име. Како што рече, голем дел од документите, како возачките дозволи и пасошите, се веќе заменети со новото уставно име.


Тошковски нагласи дека граѓаните не треба да трпат штета поради, како што ги нарече, „погрешните политики на претходната власт.“

„Огромен број од возачките дозволи се веќе заменети. Еднаш упатив јавен апел до сите полициски службеници дека не треба македонските граѓани да бидат казнувани заради тоа што во минатото имало политичари коишто не си ја сакале државата. Упатувам апел да ги применат законските одредби за опомена и укажување на сите оние кои во овој адаптибилен период сè уште користат возачка дозвола која е важечка според рокот, но не е усогласена со законот“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека полициските службеници треба да постапуваат внимателно, применувајќи ги одредбите за опомена, за да не се казнуваат граѓаните поради минатите пропусти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK