Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека случајот на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смееме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи“.
„Денес не сме овде за политички препукувања тука затоа што изгубивме млад живот што не смееше да биде изгубен, трагедија која не е само болка на едно смејство туку сурово огледало на реалноста во коај сите живееме оваа трагедија дополнително го разоткри нефункционалниот систем што не успеал да ја заштити безбедноста на граѓаните, систем што дозволувал рецидивисти да бидат на улиците место во затворите и да одзмета човечки животи. Фросина Кулакова не е само име на прекрасна млада девојка која што имаше цели соништа и живот пред себе, таа стана симбол на неправдата која трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени што не смеме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај не потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи. Последните три години бројката на загинати во сообраќајни незгоди е нешто помалку од 400, тоа не се само бројки и секој од тие загубени животи е трагедија бидејќи нивната загуба е подеднакво болна и нивната правда е подеднакво важна“, рече Тошковски.
Вели дека го разбира гневот на јавноста кој не е само поради една трагедија туку поради системот кој остава простор за неказнивост, селективна правда и луѓе кои повекекратно кршат закони без последици.