Тимовите на Saint-Gobain и Хабитат Македонија со волонтерска работа започнаа реконструкција на два објекти за домување на социјално загрозени семејства во општина Чашка

saint_23423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВОЛОНТИРАЊЕ ЗА ПРИСТОЈНИ ДОМОВИ

Денеска во општина Чашка, вработени од компанијата Saint-Gobain и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, беа дел од волонтерска акција за реновирање на два објекти за социјално загрозени семејства. Со тоа се означи почетокот на градежните активности за реновирање на двата објекти  во рамките на проектот финансиски поддржан со  донација од 70.000€ од страна на Фондацијата „Saint-Gobain Foundation“, а во кој Хабитат Македонија учествува со 17.000€.



Вработените беа вклучени во градежни активности на фасадата на еден од двата објекта во кој се наоѓаат домовите на 8 семејства во социјален ризик од општина Чашка, означувајќи го почетокот на градежните активности за реновирање на двата објекти.

Донаторските градежни активности имаат за крајна цел подобрување на условите за домување на 8 социјално загрозени семејства со вкупно 20 членови во општина Чашка, а истите се реализираат во координација со општината.  Двата објекти, дневен центар за стари лица и станови за домување на социјално загрозени лица се реновираат со термо енергетска фасада, подови, хидроизолација на бањи и покрив, подни и ѕидни опшивки, олуци и нови прозорци и врати.

Донацијата вклучува и обука на 10 лица за сертификација за градежни работници во приватната образовна институција „Ванчо Прќе“ – Штип, овозможувајќи им со тоа полесно да се вработат во градежниот сектор.

„Оваа денешна волонтерска акција на нашите вработени претставува значаен придонес во напорите на SaintGobain за создавањето на подобри услови за живеење во светот. Kако социјално одговорна компанија, но и светски лидер во производството на лесни и одржливи градежни материјали SaintGobain се труди да обезбеди поодржливи и подостоинствени услови за живот посебно на социјално загрозените категории на луѓе.  Горди сме што со оваа најнова наша донација, во опшина Чашка ќе се создадат услови за намалување на потрошувачката на енергија во овие два објекти, а со тоа и ќе придонесеме кон зачувувањето на животната средина“, изјави Томаш Росак, главен извршен директор на Saint-Gobain за Источна Европа.

„Хабитат Македонија, како граѓанска организација која има широко портфолио во областа на субстандардното домување, без резерва се вклучи во овој волонтерски ден. Ова е трет проект за поддршка на ранливи групи граѓани на Хабитат Македонија  во соработка со компанијата Saint-Gobain. Со нив споделуваме заедничка визија и вредности и се надевам дека таа соработка ќе продолжи и понатаму“ – изјави Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија.

Целосната реконструкција и енергетско ефикасна обнова на овие два објекти се планира да заврши во почетокот на 2025 година, а Saint-Gobain и Хабитат Македонија преку овој проект сакаат да ги зајакнат капацитетите и потенцијалите на ранливите категории и да помогнат за нивна интеграција во локалната заедница и поддршка во справувањето со сите социјални предизвици.

Во изминатиот период, Saint-Gobain во соработка со Habitat Македонија имаат донирано околу 80.000€ за проектот „Енергетска ефикасност на на Здружението на пензионери во Кавадарци” и за проектот „Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака – Неготино”.

За SaintGobain

Светски лидер во лесна и одржлива градба, Saint-Gobain дизајнира, произведува и дистрибуира материјали и услуги за градежните и индустриските пазари. Нејзините интегрирани решенија за реновирање на јавни и приватни објекти, лесна градба и декарбонизација на градежништвото и индустријата се развиваат преку континуиран процес на иновации и обезбедуваат одржливост и перформанси. Посветеноста на Групацијата е водена од нејзината цел, “MAKING THE WORLD A BETTER HOME”.

47.9 милијарди евра во продажба во 2023 година

168.000 вработени, присутност во 76 земји

Посветени на постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година

ЗА SAINT-GOBAIN Претставништвото во Македонија

Saint-Gobain претставништвото во Македонија е присутно на градежниот пазар во Македонија од 2014 година преку трите брендови Weber, Rigips и Isover.

www.saint-gobain.mk

https://www.facebook.com/saintgobainmk/

За Хабитат-Македонија

Здружението за хумано домување Хабитат-Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин ние им овозможуваме напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот. На оваа група лица ние им обезбедуваме експертиза за градба, како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на поволниот заем. Исто така, Хабитат Македонија интензивно работи на обезбедување на енергетски ефикасно домување, на интеграција на најранливите групи, како и на обезбедување на подобри услови за домување на сите граѓани преку поддршка на ниво на заедница и секторот домување. Во настојувањето да го збогатиме и подобриме животот нашите партнер – семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија сме водени од четири суштински вредности – Посветеност, Почитување, Интегритет и Надзорство (грижа). Од започнувањето на првиот проект во 2005 година, Хабитат Македонија досега преку своите активности има поддржано повеќе од 12.000 семејства во Македонија.

www.habitat.org.mk

www.facebook.com/HFHMacedonia/ , twitter @HFHMacedonia,

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK