Тензијата на Ахмети со писмата е политички популизам, Европскиот фронт се раслојува, вели Минчев

d6b046fa-056d-4990-bc09-53ab70df2a37.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не постои опасност за нарушување на безбедноста на државата на која укажува ДУИ по укинувањето на балансерот за вработување во јавната администрација, а ако сакаат таква пракса да се воведе министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека за него тоа е неприфатливо. Постапките на ДУИ ги смета за политички популизам поради раслојување на Европскиот фронт.


„Прес-конференциите или, пак, тензијата што ја држи во општеството господинот Ахмети, сега и со последниот чин на праќање писма кон нашите европски партнери, па кон Мицкоски, е прашање на еден политички популизам. Претставниците на ДУИ кои беа во минатата Влада, во рамки на националната стратегија од 2023 до 2030 година за реформи во јавната администрација исто така имаат донесено одлука и потврдиле дека балансерот бил предмет на злоупотреба и дека треба да биде укинат. Од тој аспект велам дека ова е политички популизам, а пред се се однесува на она кое сега се случува во ДУИ, тоа е, како што сведочи целата јавност, раслојување на таа таканаречена коалиција Европски фронт“, рече министерот Минчев.

Во Министерството не се работи на ново законско решение за правична застапеност на заедниците. Министерот Минчев смета дека не треба да се брза со новото решение.

„Мора да имаме трпение затоа што ние сме имале и ситуации кога од 2001 до 2015 не постоел балансер, но уставната категорија, правичната застапеност на етничките заедници се имплементирала. Мора да дојдеме до сериозно решение да  не се најдеме повторно во ваква ситуација, а тоа е Уставниот суд да укинува одредени членови или одредби од евентуалното идно законско решение“, рече министерот Минчев.

Утрово лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му испрати писмо на премиерот Христијан Мицкоски во кое предупредува дека секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.

Премиерот Мицкоски не сакаше да го коментира писмото од Ахмети оти рече дека не го добил, но кога ќе добие ќе му одговори како што одговара на сите писма што ги добива од граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK