„Тендерски мрежи“ ќе биде најголмиот корупциски скандал во историјата, имаме преку 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ


Tenderski-Mrezi.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДСМ денес продолжува со серијалот скандали „Тендерски мрежи“. Ќе се презентираат нови докази за фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои испумпуваат пари од институциите, но и од проекти фиансирани од унгарскиот кредит“, велат од СДСМ


„Вчера откривме шема во која на компанија гонета за местење тендери се доделени 50 тендери до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, денес продолжуваме со објавување на вистината за нови злоупотреби.

За четири години колку што се на власт ВМРО-ДПМНЕ во мнозинството општини, извршиле огромни кражби на парите на граѓаните преку матни тендерски постапки.

Десетици фирми кои се вртат и се блиски до ВМРО-ДПМНЕ вртат милиони евра кои потоа завршуваат во џебовите на партиските функционери“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата најавија дека во 12:00 часот во седиштето на СДСМ ќе биде објавен нов скандал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK