Температури и над 40 степени: периодот на многу топло време продолжува до следната седмица

TOPLOTEN-BRAN.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.



Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C, соопшти УХМР.

Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Денеска според најавите, ќе биде сончево и многу топло. Попладне претежно во западните и јужните делови ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ=9

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK