Телефонски разговор Муцунски – Сибиха – реафирмирана поддршката за Украина

tel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со својот украински колега Андриј Сибиха.


„За време на разговорот, Муцунски ја реафирмираше нашата поддршка за Украина, која ќе продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека, како земја-членка на НАТО, остануваме посветени на обезбедување силна политичка и практична помош за Украина додека таа ја брани својата независност и територијалниот интегритет.

Теми на телефонскиот разговор беа и актуелни билатерални прашања, при што двете страни изразија уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период“, соопшти МНР.

Во таа насока, договорена е работна средба помеѓу двата министри која ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK