Категорично ги отфрламе наводите дека наш вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот, регира ТАВ Македонија.
Од тука велат дек телефонот и’ беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген.
„Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот“, велат од ТАВ Македонија.
Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на македонската Влада, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи.
Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури, се вели во соопштението на ТАВ Македонија.