Претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство, Арбен Таравари, е во официјална посета на Соединетите Американски Држави.
Претседателот Арбен Таравари ќе присуствува на идниот самит на Генералното собрание на ОН, „Мултилатерални решенија за подобро утре“ во Њујорк, на кој ќе присуствуваат лидери од целиот свет.
Се очекува Таравари да има и многубројни средби во Њујорк и Вашингтон со високи претставници на американската држава.