Таравари во Обединетите Нации повика на глобална соработка во борбата против антимикробната отпорност

thumbnail_taravari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации.



Во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакна посветеноста на Северна Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем по пандемијата COVID-19.

Таравари ја потврди заложбата за почитување на Резолуцијата 71/3 на ОН и имплементацијата на патоказот на СЗО за периодот 2023-2030 година, споменувајќи неколку достигнувања на Северна Македонија како што се надзорот на РАМ, подигањето на свеста за употребата на антибиотици и зајакнувањето на лабораториските капацитети, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина.

Министерот Таравари во оваа прилика повика на глобална соработка за борба против антимикробната отпорност за заштита на здравјето на идните генерации.

„Додека се подготвуваме за 4-та министерска конференција за антимикробна отпорност во ноември 2024 година, ги повикуваме претставниците на сите земји-членки овде да се обединат во нашите напори против РАМ. Заедно, можеме да го заштитиме здравјето на сегашните и идните генерации“, рече Таравари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK