­

Таравари: Вкупно 47 пациенти ќе се лекуваат надвор од државата


Screenshot-2025-03-16-182352.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите пациенти што се згрижени во болниците во државата се стабилни и во добра состојба. Од тие 20 критични и средно-критични некои се испратени надвор од државата, извести министерот за здравство, Арбен Таравари.


„На Кличички центар се 25 пациенти сите надвор од животна опасност, градска болница 24, сите надвор од животна опасност, и во „8 Септември“, сите се во добра состојба. Во Штип се 29 пациенти, во Кочани само 13 пациенти. И во двете болници пациентите се во стабилна и добра состојба. Вкупно се 115 пациенти што се лекуваат во нашите болници. Во Солун се тројца пациенти, во Бугарија 14 пациенти, од кои во Софија се осум, во Пловдив се три и во Варна се тројца пациенти. Во Белград е еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти веќе се отидени и вечер со авион ќе одат уште шест. Вкупно 28 пациенти. Вечерва ќе патуваат 4 пациенти за Хрватска и 15 пациенти за Белград. Вкупно 47 ќе бидат на лекување надвор од државата“, изјави министерот.

Таравари најави дека утре на помош доаѓаат специјалисти за изгореници и интензивна нега, од Израел, Белград и Прага.

Тој кажа дека неколку пациенти имаат потреба од кислород, но според него се надвор од животна опасност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK