Таравари најави проширување или нова дигитализација на „Мој термин“

taravari-klinika-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Се работи на проширување на програмата „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација“, рече министерот за здравство Арбен Таравари денеска.


„Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно ѝ треба сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, но и фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ. Ќе ги разгледаме најдобрите можни опции“, одговори денеска Таравари на новинарско прашање.

Министерот рече дека се надева дека до крајот на годината барем половина од околу две илјади и нешто вработени со договор на дело во јавното здравство да добијат решенија.

Таравари, исто така, нагласи дека, каде и да оди, во сите градови во сите болници, првата и најголемата жалба од сите раководители на здравствените јавни институции, е, недостаток на средномедицински кадар, меѓутоа и на доктори, посебно по одредени специјализации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK